| четврток, 6 декември 2018 |

По една година го нашол добитното лото ливче, еве што се случило

Сопственичката на киоск, Черил Текерман каде лани било продадено добитното лото ливче вели дека и олесна затоа што секој ден доаѓале луѓе да прашаат дали е најдено победничкото ливче.

Австралијанец од Нов Јужен Велс стана милионер откако по една година го најде лото ливчето чистејќи ги својот автомобил.

Старецот кој сакаше да остане анонимен, вели дека го купил ливчето во јануари лани, а по некое време откако го нашол и ја проверил комбинацијата на интернет сфатил дека има добиено милион.

-Среќен сум што не ги земав старите торби од автомобилот и да ги фрлам во смет. Малку е глупаво затоа што 414 дена заборавив на своето ливче. Можев да ги имам парите порано, но не е важно, ги имам сега- вели тој.

Парите ќе ги вложи за отплата на куќата на своите деца и за образование на своите внуци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top