| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: Платформата е кукавичко јајце што се подметна во гнездото на демократската јавност

Платформата во суштина за мене е кукавичкото јајце коешто се подметна во гнездото на штотуку зачнатата демократска јавност којашто почна да се буди после резултатот на изборите од 11 декември – изјави Љупчо Ристовски ,претседател на институтот „Интегра“ вечерва во „Отворено студио“ на „ТВ НОВА“.

Според Ристовски во теоријата на политичките науки постои стратегија за инсталирање на кризи. Ваквите стратегии се следени со манипулативни тактики. Во нашиот случај е применет таков концепт“, смета Ристовски.

– Во тоа гнездо се подметна ова кукавичко јајце-платформа и сега наместо да го храните оној дел од оската којшто ви даваше предност пред изборите, тоа е соголувањето на оваа методологија на автократско владеење на владата во изминатите 10-11 години, каде што вие остварувате предност и ја билдате демократската јавност, одеднаш со кукавичко јајце ја трошите енергијата да го храните тоа кукавичко јајце и на тој начин постепено го губи потенцијалот и острицата овој друг дел којшто беше предност пред изборите. Ова е маестрално одиграна политичка игра, за жал опозицијата не ја прочита на време и мислам дека се уште ја нема сфатено – изјави Ристовски во „Отворено студио“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top