| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Додека сум јас претседател, нема да дадам мандат на човек кој има платформа да ја руши државата

– Бидете спокојни. Се додека јас сум претседател, немам да дадам мандат на човек кој има платформа за рушење на државниот суверенитет – рече Ѓорге Иванов во денешното обраќање до јавноста.

– Ние немаме резервна држава. Република Македонија е единствената држава што ја имаме. И немаме историско право да го уништуваме она за што се бореле и гинеле генерации. Тие ни ја оставиле оваа држава за да им ја оставиме на се уште неродените, на нашите деца и потомци. Затоа, сакам да ве уверам, вас граѓаните, дека можете да бидете спокојни.

Сè додека сум Претседател на Република Македонија, нема да дадам мандат ниту на човек ниту на партија што се залага или во својата програма има платформа за рушење на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија. Бидејќи длабоко верувам дека ова се темелни вредности со кои никој нема право да тргува. И не мислам да отстапам од нив – порача Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top