| четврток, 6 декември 2018 |

Демократско-бошњачка партија: Ако Заев го предаде својот народ, тој ќе ги предаде и Албанците

sc

Ние Бошњаците што сме жители на Р. Македонија не сакаме да се наруши унитарноста на нашата држава. Не прифаќаме никаква бинационалност, никакви привилегии на одредена група на народ, на штета на другите етнички заедници, порачаа денеска од  Демократско бошњачката партија во Р. Македонија.

-Свесни сме и сведоци сме дека главната цел на ова сценарио, кое за жал е донесено од надвор е промена на името на Р. Македонија, промена на Уставот, знамето и химната како и создавање на кантони, федерализација  и на крај да не постои Македонија како што е денеска, рече Салко Куч, претседател на  Демократско бошњачката партија.

Според него главниот пиун преку кој се спроведува ова сценарио е Зоран Заев на кој не му се важни ни Македонија ни етничките заедници, туку му е важно само да дојде на власт.

-Сигурен сум дека во СДСМ има членови кои што уште не знаат во што се вметнати и се лојални граѓани на оваа држава, потенцира Салко Куч.

Според Демократско бошњачката партија албанската платформа не е донесена случајно по изборите.

-Нарачателот имаше за цел да види каков ќе биде соодносот помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ . Ако разликата беше поголема со 10 пратеници, тогаш оваа платформа немаше да ја има. Иако победи ВМРО-ДПМНЕ , нарачателите имаат пиун. За жал излезе на виделина тоа што цело време го зборуваше Груевски дека во прашање е опстанокот на државата. На Албанците сега им е понудено нешто што ни не сонувале дека ќе го добијат, рече Куч.

Ги повика Албанците да не ја прифаќаат понудата на Заев, бидејќи штом тој го предаде својот народ, утре и нив ќе ги предаде.

-Албанскиот народ ги ужива сите верски и национални права во Р. Македонија , може слободно да си ги врши своите верски обичаи, имаат свои факултети , училишта и се што им е потребно. Но нешто ако му нудиш не некој иако не е реално тој ќе го прифати. Верувам во албанскиот народ,  рече Куч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top