| четврток, 6 декември 2018 |

Кејти Пери и Орландо Блум раскинаа по една година забавување

Портпаролот на славниот пар ја потврдил оваа вест за US Weekly вчера, само два дена откако заедно се појавиле на забавата пред доделувањата на Оскарите.

-Пред гласините и лажните приказни да излезат од контрола, објавуваме дека Орландо и Кејти повеќе не се заедно, стои во соопштението.

32-годишната пејачка и 40-годишниот актер се забавувале повеќе од една година, а нивните последни заеднички фотографии, од забавата во неделата, не укажувале на проблеми во нивната врска. Врската ја обележале и скандалозни фотографии од нивниот летен одмор во Италија, на кои Орландо бил фатен целосно гол.

Славниот актер беше оженет со австралиската манекенка Миранда Кер од 2010. до 2013. година, и со неа го има 6-годишниот син Флин. Кејти беше омажена за комичарот Расел Бренд од 2010. до 2012. година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top