| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсена сопругата на кандидатот за претдседател на Франција Франсоа Фијон

Сопругата на кандидатот за претседателот на Франција Франсоа Фијон, Пенелопе е поставена под стража. Ова го соопшти на Твитер француското издание “Мадиапар”.

Се очекува Фијон да даде изјава секој момент. Како што беше соопштено во февруари, финансиското обвинителство на Франција започна истрага за случајот за назначувањето на сопругата на кандидат-претседателот.

Сопругата се најде во центарот на скандалот откако публикација во изданието Le Canard Enchaine излезе во јавност во која се тврди дека Пенелопе неколку години била помошник на мажот во Националниот собрание на Франција (долниот дом на францускиот парламент), но не извршувала никакви обврски.

За време на „работа” добила 500 000 евра. Слични обвиненија има и на адреса на децата на политичарот.

Претходно Фијон изјави дека ќе ја повлече својата кандидатура, ако бидат официјално обвинети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top