Српската јавност ја доживува Европската унија како „машина за притисок“ врз Белград за да го признае Косово, изјави денеска српскиот премиер Александар Вучиќ на средба со претставници на работната група на Унијата за проширување, на Советот на ЕУ и Европската комисија.
– Воопшто не е лесно да ги убедиш граѓаните во придобивките на Европа, откако нашата јавност од време на време ја гледа ЕУ како машина, која врши се поголем притисок врз нас по прашањето за Косово, рече Вучиќ.
Српскиот премиер изрази увереност дека Србија ќе остане на европскиот пат, кога тој следните месеци ќе си замине од Владата.
Српската прогресивна партија го избра едногласно Вучиќ за свој кандидат за претседателските избори во април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст