Во текот на вчерашниот ден во периодот од 18.45 до 19.30 часот, во Единицата за известување и команда при СВР Скопје, од страна на граѓани пријавени се три кривични дела на насилство во кои со повреди се здобиле вкупно пет лица.
Првото кривично дело се случило околу 18.45 часот на ул. „Македонија“ поточно пред „Порта Македонија“, каде од засега две непознати лица физички биле нападнати новинар и снимател на електронскиот медиум “А1-он’, двајцата од Скопје, додека извршувале работни задачи, односно додека снимале прилог.
Од страна на екипа на итна медицинска помош, оштетените се однесени во Ургентен Центар „Мајка Тереза“ каде од страна на лекари им се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
На местото на настанот биле легитимирани 12 лица со кои дополнително ќе бидат извршени разговори. Од страна на СВР-Скопје се превземаат сите неопходни мерки за утврдување и пронаоѓање на сторителите, утврдување на мотивите за нападот како и целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


