Поранешната олимписка шампионка Олга Корбут се наоѓа во исклучително тешка ситуација, бидејќи морала да ги продаде своите медали за да може да си обезбеди храна. 61-годишната Корбут, поранешна гимнастичарка ги продала двата златни и среброто од Олимписките игри во Минхен од 1972 година и заработила нешто повеќе од 200.000 евра.
Белорусинката, која живее во САД, не сакала да ја коментира својата одлука, но според некои медиуми таа со овој потег успеала да се спаси од глад. На почетгокот на 2000 година започнале финансиските проблеми на Колбрут, а била фатена и како краде храна во маркет вредна 19 долари. Поради големината на нејзиното име била казнета само со 600 долари за направениот прекршок.
Колбрут од 1991 година живее во САД, а во неколку наврати изјави дека би сакала да се врати во Русија или Белорусија. Корбут покрај двете злата од Минхен освои и златен медал на следните Олимписки игри во Монтреал во 1976 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.