| четврток, 6 декември 2018 |

Марио Геце ја прекинува својата кариера поради здравствени проблеми?!

mario gece

Повратникот во таборот на Борусија Дортмунд, Марио Геце има метаболички проблеми и додека не ги реши ќе ја „замрзне“ својата кариера.

– Лекарските прегледи поради хроничните проблеми со мускулите, со кои во изминатиот период се соочува Геце, покажаа дека тој има метаболички пореметувања. Не може да тренира и мора да се лекува – со клупско соопштение се огласи Борусија Дортмунд.

Геце одигра само четири натпревари по 90 минути, а последниот настап го имаше на 31 јануари. Голем број германски медиуми објавија дека Борусија Дортмунд од јуни нема да смета на Гетце и нема да го откупи неговиот договор од Баерн Минхен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top