| четврток, 6 декември 2018 |

Целосно изгоре градинката „8 Март“ во Шуто Оризари

Ноќеска целосно изгоре детската градинка „8 Март“ во скопската населба Шуто Оризари. Од полицијата велат дека пожарот пламнал во 1.20 часот. Од пожарикарската единица велат дека пристигнале 25 минути подоцна. Големиот пожар го гаснеле дваесетина пожарникари. Причината за пожарот засега не е позната.

Градоначалникот Елвис Бајрам за ТВ Шења вели дека ова е голем проблем за општината. Тој вели дека не знае која е причината за големиот пожар, но се сомневаат во горивото за греење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top