| четврток, 6 декември 2018 |

МАН го осуди нападот врз новинарската екипа на А1 он

man

Македонската асоцијација на новинари (МАН) го осуди синоќешниот напад врз новинарската екипа на А1 он и бара од Министерството за внатрешни работи да го расчисти случајот.

Од МАН нагласуваат дека нивниот правен тим им стои на располагање на вработените во медиумите и на нападнатите во овој инцидент, како и за правна заштита за сите претходни насилства врз медиумските работници.

– МАН ги повикува своите членови и сите новинарски екипи на почитување на законите и Уставот на РМ. МАН ги повикува сите свои членови и сите медиумски екипи на професионалност во известувањето, објективност, неширење на говор на омраза, незастапување етнички и политички ставови, неповикување на насилство и подбуцнување, се вели во реакцијата.

МАН потсетува дека досега биле повредени и нападнати и новинари од други новинарски куќи, но оти Здружението на новинари на Македонија и определени невладини организации блиски до СОРОС не реагирале.

– Ниту ЗНМ, ниту соросовите невладини не реагираа во наведениве случаи, кои се уште не се расветлени, со молк ја одобруваат агресијата кон новинарите. МВР до ден денес се уште молчи за насилството и ги нема разрешено сите овие наведени случаи, вели МАН во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top