| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини утре во посета на Македонија

mogerini

­ Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, утре ќе ја посети Република Македонија во рамки на нејизната мини­турнеја низ балканските држави.

Во пресрет на посетата, високата претставничка на ЕУ изјави дека оваа нејзина мини­турнеја низ балканските држави е со цел да се осигура „неповратноста на процесот на интеграција на овие земји во Унијата“. ­

– За Европската унија, работата со земјите од Западен Балкан, регион кој е во срцето на Европа, е клучен приоритет. Работам за да видам дека секој еден од нашите партнери на Западниот Балкан се движи напред на патот на реформите, да се движи кон Европската унија и да се обезбеди дека процесот е неповратен. Регионалната соработка и добрососедските односи остануваат од суштинско значење во овој контекст, порача Могерини.

Италијанката на чело на европската безбедносна и надворешна политика до 4 март ќе ги посети Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Република Македонија. За време на посетата на регионот, Могерини ќе се сретне со политичките власти, вклучувајќи ги и претставниците на владите, со претставници на политичките партии и на парламентите. Таа ќе ги информира министрите за надворешни работи на ЕУ за оваа посета на Советот за надворешни работи идниот месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top