Една 18-годишна средношколка е уапсена во градот Креј во северна Фрнција под сомнеж дека планирала терористички напад, јави француската телевизија „Франс 3“.
Според телевизијата, средношколката заедно со група тинејџерки формирала група на социјалните мрежи наречена „Лавици“ и одржувала контакти со францускиот џихадист Рашид Касим, кој е припадник на групата Исламска држава.
Касим, кој на почетокот на месецов беше цел на напад на американско беспилотно летало во Сирија, се смета за координатор на плановите за извршување терористички напади во Франција.
Уапсената средношколка комуницирала со Касим преку апликацијата за кодирана размена на информации „Телеграм“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст