| четврток, 6 декември 2018 |

Велепредавникот се спрема да ни стане премиер

Tatjana-Karakamiseva

Тања Каракамишева- Јовановска

Заев вчера му ја однесе папката со 67 потписи на претседателот Иванов со изрично барање да го добиел мандатот најбрзо што можело. На заминување Заев не пропушти да даде изјава со која изразиочекување дека трансферот на власта ќе бил брз и мирен. Така ценел тој и тие околу него.

Веројатно поведен од атмосферата на тајност и мистериозност со која си водеја преговорисо ДУИ и со останатите албански партии за барањата содржани во албанската платформаповеќе од 20 дена, Заев мисли дека и сега брзо и мирно Македонците ќе си легнат на брашното и ќе се помират со судбината на промените за „живот“ пред нивната финална смрт.

На очиглед на сите Заев немаше никаков проблем да ги прифати сите барања набројани во албанската платформа. Замислете наместо да се срами, тој се чувствувал горд што мирниот и брз трансфер на власта ќе биде крунисан со исполнување на сите желби на официјална Тирана и на странскиот сценарист за разнебитување на Република Македонија како држава.

Заев е горд што државата на која сака да и биде премиер за неколку години, а може и порано нема да постои во формата во која е денес, и нема да биде со име и со сите атрибути како што е денес. Оттука, сосема легитимно следи прашањето од голем број македонски граѓани до Заев, дали овој човек и овој партиски залутан лидер знае во која држава сака да биде премиер и чии интереси штити во моментов и натаму? Дали оние интереси и цели утврдени во Уставот на државата, или оние во главата на албанските поддржувачи на проектот „Голема Албанија“?

Ако сакаше да ги штити уставните и легитимните интереси на државата Република Македонија, тогаш уште вчера требаше да ја отфрли албанската платформа како противуставна креација стокмена со директна повреда на принципите на меѓународното право, и да ја прифати понудата која стигна од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да работи со поддршка на пратениците од оваа партија за прашања кои нема да задираат во македонскиот идентитет, унитарниот карактер на државата и името на земјата.

Со директното одбивање на понудата доставена од г. Груевски, Заев и практично потврди дека не е заинтересиран да се грижи за националните интереси на Република Македонија, и дека има за цел комплетно да го спроведе сценариото што му е дадено од амбасадорот за конечно, за целосно пресметување со Македонците и македонската држава.

Велепредавникот се спрема да ни стане премиер.

Целата колумна на Тања Каракамишева- Јовановска прочитајте ја на „Курир“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top