Бројот на претплатници на телевизиски услуги преку интернет протокол (IPTV – како MaxTV) пораснал за 64,89 отсто во период од 12 месеци на крајот од септември лани до бројката од 58.385 претплатници, извести националниот телекомуникациски оператор, АЕК, при што исто толку е уделот на Т-Хоум на македонскот пазар
Бројот на претплатници на терестријални дигитални телевизии (DVB-T – како БумТВ), пак, забележа пад од 22,7 отсто во истиот период до бројката од 37.862 претплатници.
Бројот на претплатници на телевизиски услуги, кои ги обезбедуваат кабловските оператори (како „Близу“ или „Роби“, Штип), забележа раст од 6,09 отсто на годишно ниво – септември преклани до септември лани, но и пад на квартално ниво од крајот на јуни лани до крајот на септември лани од 2,22 отсто. Бројот на претплатници на кабловски телевизиски услуги е најброен споредено со ТВ претплатниците кои добиваат телевизија преку други технологии и на крајот од септември 2012 изнесуваше 166.057.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Регулаторите на Македонија и Бугарија разговараа за поевтинување на роамингот
-
Во АЕК граѓаните се жалат на високи сметки, мобилна телефонија и интернет
-
АЕК: Два виртуелни оператора заинтересирани за влез на македонскиот пазар
-
Помош од ЕУ за капацитетите на регулаторите во телекомуникаците и медиумите



