| четврток, 6 декември 2018 |

Албанија има список на лица што финансираат тероризам

Првиот човек на албанската Управа за спречување перење пари, Агим Исмаили на седница на парламентарната комисија за безбедност изјави дека постои список на физчки и правни лица во Албанија кои финансираат тероризам.

Исмаили не спомна идентитет на ниту едно од овие лица, но неколкупати повтори дека Обвинителството почнало истрага за разни здруженија во земјата, кои финансирале испраќање борци кои војуваат на страната на терористичките групи во Сирија.

Исмаили соопшти и дека Управата покреналa 154 кривични пријави за перење пари.

Поднесовме 154 кривични пријави за перење пари, имаме 1.300 извештаи за сомнителни трансакции во период од една година и блокиравме средства од тие трансакции во износ од 28 милиони евра, изјави Исмаили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top