| четврток, 6 декември 2018 |

Еве зошто „остаре“ Даре (ФОТО)

Променет речиси до непрепознавање, со брада и со мустаќи , популарниот пејач Дарко Илиевски како, навистина, да остари неколу децении за потребите на неговиот најнов видеозапис. За да ја постигне својата цел и новиот спот да изгледа како што посакуваше, ексклузивецот на „Горила продукција“  заборави на берберите и на фризерите и се подготвуваше повеќе од четири месеци.

961599_10151631731879309_2008564807_n

„Не е фер“ е насловена песната за чијшто видеозапис се погрижи режисерот Владимир Ивановски – Дади и на кој се работеше со најнова технологија и опрема.

Спотот се снимаше на неколку локации на Мавровско Езеро, како и во стан и покрив на зграда на Водно.

sample0083

Главната улога во спотот ја има Симона Аврамова, која за потребите на новото видео се подготвуваше заедно со Дарко повеќе од два месеца.

– Многу сум среќен што имав можност да работам со толку голем тим на професионалци како што се Лазар, Дади, Симона, Арменд Рамадани, Небојша Пешевски и со целиот тим на „Горила продукција“. Можеби ќе звучам нескромно, но со ова мислам дека поставуваме нови стандарди на македонската сцена во нејзиниот најкризен период. Само ќе споменам дека ја извадив целата емоција од себе и ја претворив во песна! Спотот визуелно дава уште подобар приказ за песната и кога ќе се спои сѐ, се добива смислата на тоа што сакавме да го кажеме со целата песна – вели Дарко.

sample2316

Новата песна „Не е фер“ е авторско дело на Даре на која работеше цела година. За аранжманот, пак, се погрижи еминентниот продуцент Лазар Цветкоски.

Промоцијата на новото видео и аудио следува наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top