| четврток, 6 декември 2018 |

И Руфи Османи го остави Црвенковски

Пратениците на Националната демократска преродба од утре се враќаат во Собранието на Република Македонија.

Партијата на Руфи Османи денеска ги информирала парламентарните служби дека го прекинуваат бојкотот на законодавниот дом и продолжува со политичка битка од собраниските тела.

Партијата на актуелниот градоначалник на Гостивар се солидаризираше со опозицијата по настаните од 24 декември, но по анализата направена од партиските тела решила да го напушти опозицискиот блок и да се врати во Собранието.

Претходно опозицијата не ја поддржа ни ДПА на Мендух Тачи, чиишто пратеници останаа во Собранието, а тој го обвини Црвенковски за политички дилетантизам и за неодговорно однесување. Деновиве  се во тек преговори меѓу партијата на Фијат Цановски ПЕИ со владејачката ДУИ, кои ако завршат успешно дополнително ќе го нарушат единството на блокот партии предводени од СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top