| четврток, 6 декември 2018 |

Српски медиуми: На Македонија ѝ се заканува поделба по линијата на Вардар

Дневните весници во соседна Србија се преполни со наслови и написи против идејата и волјата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да ги прогласи Србите за геноциден народ. Според Заев, Србите извршиле наводен геноцид врз Албанците во Македонија во периодот од 1912-1956 година. Ваквите егзибиционистички политики на Зоран Заев, кои се на пат да ги доведат односите меѓу Македонија и Србија до ниво на експлозија, имаат единиствено за цел додворување на албанските партии преку исполнување на платформата од Тирана за влез со него во Влада.

podela-640x485

Доколку Албанците во Македонија за себе си изградат „ореол на жртви“, тоа би можело да биде основа на нивното барање на самоопределување, вели историчарот Александар Животиќ. Додека историчарот Предраг Марковиќ неведува дека Албанците би биле единствени жртви на геноцид, чијшто број на население неколкупати се умножил, пишува белградска „Политика“ во текстот под наслов: „ На Македонија ѝ се заканува поделба по линијата на Вардар“.

„Политика“ во поднаслов „Заев го бара мандатот, Иванов размислува“ повикувајќи се на разговор со директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, го цитираат Котевски кој вели дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот кој го кажа лидерот на партијата, Никола Груевски:

-Ние остануваме на ставот дека не смее да се дозволи да се редефинира Македонија, со платформата која е усвоена во Тирана. Граѓаните не гласале ниту за двојазичност, ниту за промена на банкнотите, ниту за федерализација или кантонизација. Затоа и му дадовме на Заев понуда да ја отфрли албанската платформа со што ќе ја добие нашата поддршка. Меѓународната заедница сакаше идната влада да обезбеди што поголема поддршка. На тој начин Заев ќе има 100 пратеника, само да го запре антидржавното сценарио.

geno-360x523

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Желбата за создавање Голема Албанија не е тајна, како ни тоа дека албанските политичари во Македонија своето делување го насочуваат со цел остварување на таа цел. Пишува дневниот весник „Блиц“ во анализата под наслов „Каков геноцид, какви будалаштини, тужбата против Србите е плод на албанската фрустрација“.

Александар Попов, директор на Центарот за регионализам, за „Блиц“ вели дека исполнувањето на сите услови кои албанските партии им ги дале на СДСМ значат опасен чекор за отцепување.

-Албанците имаат голем проблем со историјата, зошто во периодот на светските војни секогаш биле на губитничката страна. Во балкансите војни се држеа до Турција и загубија и затоа се фрустрирани – вели Душан Јанјиќ за „Блиц“, кој дополнува: „Ние мораме да имаме добри односи со Македонија ако сакаме мир на западен Балкан, без разлика дали им се допаѓа тоа на Албанците или не“.

korak-1-360x516

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Дневниот весник „Вечерње новости“ под бомбастична најава „Идната македонска влада попушта пред Албанците“ на насловна страница осамна со текстот „Скопје на чекор да ги обвини Србите за геноцид?!“.

Зоран Заев не само што ги влоши односите со Србија и ја стави Македонија во незгодна ситуација, туку и е на пат да го запали бурето со барут, кое Албанците му го наполнија. Дека тоа е така сведочат и пишувањата на српскиот портал „Информер“, односно дека лидерот на СДСМ и кандидат за премиер, Зоран Заев, склопил скандалозен договор со албанските партии да ја поддржи нивната декларација со која Србија се обвинува за „геноцид“ над Албанците, наводно направен од 1912 до 1956 година. Порталот повика државниот врв на Србија веднаш да повлече контрамерки доколку се усвои декларацијата со која Србија би се обвинила за геноцид во Македонија.

informer-1

„Потребно е веднаш да се повлече признавањето на Македонија под името Република Македонија и оваа држава да се признае под името под кое ја познаваат и другите држави – Поранешна Југословенска Република Македонија или ПЈРМ“, стои во апелот на редакцијата која е револтирана што Зоран Заев, како и многу политичари во регионот, мисли дека може до недоглед и неказнето да ги понижува Србија и Србите“.

Шефот на српската дипломарија, Ивица Дачиќ, порачал дека Македонија, ако ја усвои политиката „за српски геноцид“, ќе предизвика сериозен скандал.

-Ако е ова вистина, тогаш тоа ќе остави тешки последици. Србија адекватно, реципрочно и цврсто ќе одговори.

Потполковникот на КОС во пензија, Љубан Каран за „Информер“ вели дека сево ова е последица на стратегијата на Западот за нарушување на мирот на Балканот.

-Ако Заев заради власт биде подготвен да ги продаде интересите на македонскиот народ, зошто тогаш не би бил дел од албанскиот заговор против Србија? Јасно се гледа дека нападите врз Србија ги креира моќна рака од Западот. Ако само Србија искрено сака мир, мали се шансите да се зачува и покрај отстапките – вели Каран за „Информер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top