СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца скопјани поради основано сомнение дека сториле кривично дело „кражба“. Осомничен е 44годишниот С.С. кој работејќи како електричар од домот каде бил ангажиран во неколку наврати украл предмети во вкупна вредност од околу 25 илјади евра. Во неколку наврати во периодот од мај до ноември минатата година одзел два златни прстени со дијаманти, тенџериња „цептер“ и околу 20 илјади евра. За разбојништво осомничена е и 51годишната Ж.Ч, која во истиот дом работела како дадилка, а украла околу 60 илјади денари. Кражбата ја извршила на 13 јули минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.