| четврток, 6 декември 2018 |

Влегол во маркет и се заканувал со нож – вработените му се спротивставиле

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава за Д.Т. (23) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,разбојништво во обид“. На 14.2.2017 година пријавениот околу 11.35 часот влегол во маркет на ул. „Галичица“ и со закана со нож од вработената го побарал дневниот промет. Во тој момент вработената почнала да ја довикува нејзината колешка, која била во магацинот, по што пријавениот го напуштил маркетот и побегнал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top