| четврток, 6 декември 2018 |

Маж сексуално злоупотребувал 15 деца во центар за азиланти

Социјален работник е обвинет дека сексуално злоставувал 15 деца во центар за азиланти во јужниот дел на Норвешка.

Мажот, кој работел на рецепција во центарот за азиланти од 2013 до 2016 година, уапсен е во вторник.

-Обвинет е за нарушување на законот, кој се однесува на сексуални активности за лица кои не наполниле 16 години, вели Терје Кадеберг Скар, шеф на обвинителството на полициската област Адгер, за норвешката телевизија NRK.

Според локалниот весник Fædrelandsvennen, децата жртви се испрашани за инцидентот.

Норвешкиот директорат за имиграција е информиран за случајот пред една недела, од каде веќе контактирале со менаџерите на рецепцијата.

-Имаме процедури за проследување на вакви случаи и ги обезбедивме телефонските броеви од вклучените во инцидентот, вели Тормод Ставенес, директорот на Норвешкиот директорат за имиграција за јужна Норвешка.

Бранителот на обвинетиот, Кнут Хенинг Ларсен, вели дека неговиот клиент не ги разбира обвинувањата и дека не ја признал вината. Судот на 18 февруари одлучи дека тој треба да биде во притвор следните пет недели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top