Малезиското обвинителство ќе отвори обвинение против две жени од Индонезија и Виетнам, поради наводна вмешаност во убиството на полубратот на севернокорејскиот лидер, а постои можност да бидат и осудени на смртна казна, соопштило денес државното обвинителство на таа југоисточна азиска држава.
Државниот обвинител Мохамед Апанди Али рекол дека Виетнамката Доан Ти Хуонг и Шити Ајша од Индонезија официјално ќе бидат обвинети во среда, во рамките на членот 302 од Кривичниот закон, кој подразбира смртна казна, пренесува Ројтерс.
“Тоа можам да го потврдам”, рекол тој за Ројтерс.
Јужнокорејските службеници веруваат дека убиството го организирале севернокорејски агенти, а Малезија идентификувала осум граѓани на Северна Кореја, кои се осомничени за вмешаност во убиството.
Полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, кој го критикувал режимот на своето семејство и својот полубрат Ким Јонг Ун, бил убиен на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур овој месец, со нервен гас “VX”, кој ОН го смета за оружје за масовни убиства.
Јужна Кореја тврди: Ким Јонг Ун го наредил убиството
Убиството на Ким Јонг Нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, го организирале Министерството за државна безбедност и Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, тврдат јужнокорејските пратеници повикувајќи се на податоци од разузнавачките агенции на својата земја.,
Како што се наведува, меѓу осуммината осомничени Севернокорејци се наоѓаат и четворица службеници од Министерството за државна безбедност и двајца службеници од Министерството за надворешни работи, пренесува Reuters.
-Убиството на Ким Јонг Нам е акт на систематски терор, кој лично го наредил Ким Јонг Ун. Операцијата ја извеле три групи: две групи убијци и една група набљудувачи, навел јужнокорејскиот пратеник Ким-Бјунг Ки.
Јужнокорејски и американски службеници тврдат дека Ким Јонг Нам го убиле севернокорејски агенти на аеродромот во Куала Лумпур, престолнината на Малезија, на 13-ти февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст