| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Табар: Со мамографија стапката на смртност во Шведска веќе е намалена за 63 проценти

Од по­че­то­кот на про­гра­ма­та за ске­ни­ра­ње во Швед­ска беа по­ви­ку­ва­ни же­ни ме­ѓу 40 и 74 го­ди­ни во ин­тер­вал од две го­ди­ни. Со сту­ди­и­те се зак­лу­чи де­ка е на­ма­ле­на смрт­но­ста до 40 про­цен­ти, а де­нес со но­ва­та тех­но­ло­ги­ја и со на­ма­лу­ва­ње­то на ин­тер­ва­лот ме­ѓу ма­мо­гра­фи­и­те на ед­на го­ди­на, смрт­но­ста од рак на дој­ка е на­ма­ле­на на 63 про­цен­ти, из­ја­ви во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ до­ктор Та­бар

Ма­мо­гра­фи­ја­та е ала­тка што се ко­ри­сти за ра­но откри­ва­ње на ра­кот на дој­ка и со тоа на­вре­ме да се ин­тер­ве­ни­ра за да се спа­си жи­во­тот на же­на­та, сме­та швед­ски­от ре­но­ми­ран про­фе­сор Лас­ло Та­бар. Тој прв­пат го­сту­ва­ше во Скоп­је и во ре­ги­о­нот на по­ка­на на Ма­ке­дон­ско­то здру­же­ние за ра­ди­о­ло­ги­ја на дој­ка. Та­бар дој­де во Скоп­је по по­ка­на на д-р Свет­ла­на Те­мел­ков­ска, спе­ци­ја­лист-ра­ди­о­лог при Уни­вер­зи­тет­ска­та кли­ни­ка за ра­ди­о­ло­ги­ја во Скоп­је и пре­тсе­да­тел­ка на Здру­же­ни­е­то, ко­ја го ор­га­ни­зи­ра­ше пр­ви­от еду­ка­ти­вен се­ми­нар за ра­ди­о­ло­ги­ја на дој­ка одр­жан од истак­на­ти­от про­фе­сор Та­бар.

Tabar_grey

Про­фе­сор д-р Лас­ло Та­бар

Спо­ред Та­бар, со по­ве­ќе ме­ѓу­на­род­ни сту­дии е по­твр­де­но де­ка со ске­ни­ра­ње­то се на­ма­лу­ва смрт­но­ста кај же­ни­те и важ­но е тоа да се ко­ри­сти за бо­ле­ста да се открие уште во ра­на­та фа­за и трет­ма­нот да би­де ус­пе­шен.

Ма­мо­гра­фи­ја­та е откри­е­на во 1977 го­ди­на. Со осум ме­ѓу­на­род­ни сту­дии би­ло по­твр­де­но де­ка со ске­ни­ра­ње­то се на­ма­лу­ва смрт­но­ста кај же­ни­те.

– Од по­че­то­кот на про­гра­ма­та за ске­ни­ра­ње во Швед­ска беа по­ви­ку­ва­ни же­ни ме­ѓу 40 и 74 го­ди­ни во ин­тер­вал од две го­ди­ни. Во сту­ди­и­те се зак­лу­чи де­ка е на­ма­ле­на смрт­но­ста до 40 про­цен­ти, а де­нес со но­ва­та тех­но­ло­ги­ја и со на­ма­лу­ва­ње­то на ин­тер­ва­лот ме­ѓу ма­мо­гра­фи­и­те на ед­на го­ди­на, смрт­но­ста од рак на дој­ка е на­ма­ле­на на 63 про­цен­ти – из­ја­ви во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ Та­бар.

Во од­нос на Ма­ке­до­ни­ја, Та­бар сме­та де­ка др­жа­ва­та се дви­жи во ви­стин­ски пра­вец, но она што е важ­но, спо­ред не­го, е еду­ка­ци­ја­та на ме­ди­цин­ски­от ка­дар од ед­на стра­на, од­нос­но ка­ко да се пре­поз­нае кар­ци­но­мот уште во ра­на­та фа­за и, од дру­га стра­на, еду­ка­ци­ја­та на же­ни­те што тре­ба да се ин­фор­ми­ра­ат за оваа бо­лест.

На се­кои 29 се­кун­ди се ди­јаг­но­сти­ци­ра нов слу­чај на рак на дој­ка во све­тот. Да­ли ра­на­та ди­јаг­но­сти­ка мо­же да го спа­си жи­во­тот на же­на­та?

 ТА­БАР: Де­фи­ни­тив­но, ра­на­та ди­јаг­но­сти­ка мо­же да го спа­си жи­во­тот на же­на­та. Ра­на­та ди­јаг­но­сти­ка е пре­дус­лов за ра­но откри­ва­ње и за трет­ман во ра­на фа­за. Си­те же­ни на во­зраст од 40 до 74 го­ди­ни тре­ба ре­дов­но да пра­ват ви­со­ко­ква­ли­тет­на ма­мо­гра­фи­ја, а по мож­ност и ул­траз­ву­чен прег­лед ко­га тки­во­то на дој­ка­та е гу­сто.

Laslo-Tabar-002

Кои се но­ви­те пре­диз­ви­ци и те­ра­пии во ле­ку­ва­ње­то на ра­кот на дој­ка­та?

ТА­БАР: Но­ви­те пре­диз­ви­ци и те­ра­пии во ле­ку­ва­ње­то на ра­кот на дој­ка­та се из­бег­ну­ва­ње пре­ку­ме­рен трет­ман на ма­ли­те слу­чаи на рак на дој­ка, кои сѐ уште се ло­ка­ли­зи­ра­ат на дој­ка­та и на­о­ѓа­ње но­ви те­ра­пев­тски, ефе­ктив­ни кан­це­ро­ге­ни аген­ти за ма­ли­те гру­пи, ка­де што ра­но­то откри­ва­ње е мно­гу те­шко.

Да­ли ра­кот на дој­ка тре­ба да се сме­та за бо­лест што мо­же да се из­ле­ку­ва во 21 век? Да­ли од оваа бо­лест ве­ќе не тре­ба да уми­ра­ат же­ни­те?

ТА­БАР: Во Швед­ска, ка­де што же­ни­те ре­дов­но пра­ват ма­мо­гра­фи­ја, стап­ка­та на смрт­ност ве­ќе е на­ма­ле­на за 63 про­цен­ти. Но­си­те­ли­те на од­лу­ки тре­ба да обез­бе­дат средс­тва за из­град­ба на до­во­лен број цен­три за дој­ка кои ќе овоз­мо­жат ре­до­вен прег­лед на же­ни­те што има­ат пра­во на тоа, но, исто та­ка, ќе го ко­ри­стат при­ста­пот на мул­ти­мо­дал­ност за ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње на си­те ас­пе­кти на ова за­бо­лу­ва­ње во ин­тер­дис­цип­ли­нар­на со­ра­бо­тка. Та­ка, проб­ле­мот не е са­мо ме­ди­цин­ски проб­лем, тоа е проб­лем и на оп­штес­тво­то.

Да­ли ма­мо­гра­фи­ја­та е до­вол­на за да се спре­чи по­ја­ва на рак на дој­ка­та?

ТА­БАР: Ма­мо­гра­фи­ја­та не ја спре­чу­ва по­ја­ва­та на бо­ле­ста, ту­ку го де­те­кти­ра ра­кот на дој­ка­та во ра­на фа­за. Се­пак, око­лу 40 про­цен­ти од же­ни­те има­ат „гу­сти гра­ди“. На тие же­ни им тре­ба авто­мат­ски ул­траз­вук на гра­ди­те ка­ко до­пол­ни­тел­на ала­тка, во при­лог на це­лос­на ди­ги­тал­на ма­мо­гра­фи­ја.

Про­фе­со­ре Та­бар, прв­пат до­а­ѓа­те на се­ми­нар во овој дел од све­тот. Ка­ко се слу­чи со­ра­бо­тка­та? Во што се со­сто­јат Ва­ши­те пре­да­ва­ња во Скоп­је?

ТА­БАР: Д-р Свет­ла­на Те­мел­ков­ска се за­поз­на со на­ша­та ра­бо­та ко­га жи­ве­е­ше во Швед­ска. Таа ме по­ка­ни ту­ка за да ги обу­чи­ме ра­ди­о­ло­зи­те, па­то­ло­зи­те и хи­рур­зи­те за нај­ра­на­та фа­за на ра­кот на дој­ка, за пре­диз­ви­ци­те со кои се со­о­чу­ва­ме ко­га се по­ста­ву­ва ди­јаг­но­за во ра­на фа­за. Таа ме за­мо­ли да ги ин­фор­ми­ра­ме ко­ле­ги­те за нај­но­ви­те ре­зул­та­ти од истра­жу­ва­ња­та.

Foto 3 PRATI (Custom)

Освен ра­кот на дој­ка­та, кои дру­ги бо­ле­сти на дој­ка­та се нај­че­сти?

ТА­БАР: По­сто­јат мно­гу по­ве­ќе бе­ниг­ни за­бо­лу­ва­ња на дој­ка или ими­та­ции на рак, со кои ра­ди­о­ло­зи­те се со­о­чу­ва­ат при по­ста­ву­ва­ње­то на пра­вил­на­та ди­јаг­но­за. Нај­че­сто ме­ѓу нив се ци­сти на дој­ка, кои мо­жат да се ди­јаг­но­сти­ци­ра­ат со ко­ри­сте­ње со­вре­ме­на ма­мо­гра­фи­ја и ул­траз­вуч­но ис­пи­ту­ва­ње.

Про­фе­со­ре Та­бар, Ва­ши­те пре­да­ва­ња се­ко­гаш пре­диз­ви­ку­ва­ат огро­мен ин­те­рес. Да­ли Ма­ке­до­ни­ја мо­же да при­ме­ни не­што од искус­тва­та од Швед­ска?

ТА­БАР: Сре­ќен сум што гле­дам де­ка мно­гу мла­ди ра­ди­о­ло­зи ја по­се­ту­ва­ат оваа ин­тен­зив­на обу­ка и по­ве­ќе­то од нив се мла­ди да­ми кои по­ка­жу­ва­ат го­лем ин­те­рес за уче­ње. Актив­но учес­тву­ва­ат во ин­те­ра­ктив­ни­те пре­да­ва­ња и бр­зо учат. Тие ќе би­дат ид­ни­те спа­су­ва­чи на жи­вот во оваа зем­ја и тре­ба да им се да­де шан­са да ги раз­ви­ва­ат и да ги пра­кти­ку­ва­ат стек­на­ти­те ве­шти­ни. За жал, мно­гу мал­ку хи­рур­зи и па­то­ло­зи ги по­се­ту­ва­ат ча­со­ви­те. Се­кој член на ди­јаг­но­стич­ки и на те­ра­пев­тски тим тре­ба да доз­нае за нај­но­ви­те ре­зул­та­ти од на­ше­то 40-го­диш­но истра­жу­ва­ње. Тре­ба да им се ука­же на од­го­вор­ни­те ор­га­ни­за­ции да обез­бе­дат из­град­ба на ин­тер­дис­цип­ли­нар­ни ти­мо­ви што ќе ра­бо­тат за­ед­но.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: При­ват­на ар­хи­ва

(интервјуто е објавено во 234. број на неделникот Република кој излезе во печат на 24.2.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top