| четврток, 6 декември 2018 |

Сигурни знаци дека потполно е полуден за вас

Кога се впуштате во врска со некој и на чекор сте да ги изговорите оние два збора, секогаш постои загриженост дали тој го чувствува тоа и дали ќе возврати на ист начин. Иако уште не ви кажал дека ве сака, лесно можете да откриете што чувствува според начинот на кој постапува кон вас и колку внимание ви посветува.

Ова се 5 сигурни значи дека ве сака:

Насмевката зборува се

Ја знаете ли онаа насмевка без посебна причина, кога само седите и гледате филм, а тој не ја симнува насмевката од лице. Без сомнеж тоа е доказ дека ужива во времето со вас.

Заштитнички е настроен кон вас и вашите чувства

Ако е секогаш на ваша страна и ве брани пред сите и никогаш не ги повредува вашите чувства, тоа значи само едно – потполно сте го освоиле.

Секогаш доаѓа за помош

Иако не барате помош, заљубениот маж, секогаш ќе се труди да ви го олесни животот. Дури и да се ситници во прашање, тој на овој начин покажува дека секогаш можете да се потпрете на него.

Со ситници ви го разубавува денот

Иако го мрази тој филм ќе го изгледа со вас со огромна внимателност или ќе ви ја донесе омилената храна кога ќе се врати од работа. Иако тоа не се некои големи гестови, сепак покажуваат дека во секој момент мисли на вас и дека вашата среќа му е најбитна.

Секогаш е спремен за искрен и отворен разговор

Ако секогаш кога сте нерасположени го осеќа тоа и сака да знае што ве мачи и на кој начин може да ви го реши проблемот, можете да бидете сигурни дека ве сака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top