Меланија Трамп (47), сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп (71) и понатаму живее во Њујорк и не сака да појде во Белата куќа. Медиумите тврдат дека сега ја откриле вистинската причина за тоа.
Според претходните шпекулации, Меланија останала да живее во станот во Њујорк поради нејзиниот син Барон (11), за тој да ја заврши учебната година и затоа што во Њујорк се неговите пријатели.
Но, порталот „Daily Star“ пишува дека вистинската причина за останувањето на Меланија во Њујорк е нејзината сестра Инес Кнаус (48).
Инес и Меланија се многу блиски и „Daily Star“ наведува дека Меланија и` верува единствено нејзе. Инес наводно живее во близина на кулата на Трамп во која живеат Меланија и Барон.
Трамп наводно многу сакал неговата сопруга да дојде во Вашингтон и тоа го истакна во неколку наврати. Но, додека таа и Барон се во Њујорк, на Трамп во Белата куќа најмногу му помагаат неговата ќерка Иванка и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст