| четврток, 6 декември 2018 |

Цуцуловски со апел до Иванов: Мандатот не го давајте ниту на Заев, ниту на кој било друг!

Го испраќам овој апел со надеж дека ќе допре барем до тој до кого е упатен, бидејќи Република Македонија е на раб од бездната, од која не ќе има повраток, напиша на својот ФБ профил универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски.

Цуцуловски апелира Иванов да не го даде мандатот за формирање на нова влада ниту на Зоран Заев, ниту на било кој друг, бидејќи, како што нагласува, според Уставот на Република Македонија не е предвидено давање на мандат по втор пат.

cucul-apel

Цуцуловски вели дека давањето на мандат директно ќе ги турне граѓаните кон конечен меѓусебен раскол, со можна воена разврска. Цуцуловски нагласува дека единствено решение за сегашнава ситуација е распишување на нови предвремени избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top