| четврток, 6 декември 2018 |

Дамовски: Менувањето на Уставот на Република Македонија е пречекорување на црвена линија

boris

Во Скопје се одржува протестен марш во организација на граѓанската иницијатива за заедничка Македонија. Оттаму објавија проглас, во кој велат дека дојде време за четвртиот Илинден. Бараат да не прифаќаат платформи создадени за туѓи интереси, во туѓи држави, без изборен легитимитет чија цел е разнебитување на Македонија каква што ја знаеме.

На оваа тема во вестите на ТВ НОВА зборуваше еден од организаторите, Борис Дамовски.

-Најголемата црвена линија што може да се помине е менувањето на Уставот на Република Македонија. Ние се обидуваме на мирен начин, со што поголем број на граѓани и здруженија да ја искажеме нашата волја уште еднаш, вон регуларниот демократски процес кој е завршен“, појасни Дамовски.

Додаде дека нивни главни поенти се зачувувањето на уставниот поредок, почитување на сите политички субјекти на Уставот, на сите партии, избегнувањето на делување по туѓи диктати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top