Истражувачи на Универзитетот на Албани прашале група на жени кои се во хетеросексуални врски за нивните партнери и нивните оргазми, како и за способноста на нивните партнери да ги доведат до оргазам и одговорите што ги добиле не биле многу изненадувачки.
Според студијата, имало поголема веројатност жените да доживеат оргазам со партнери кои се богати, уверени и привлечни – додека нивните оргазми биле поинтензивни ако сметале дека нивниот партнер изгледа добро. Друг фактор за сексуално задоволство? – Широки рамена.
„Интензитетот на оргазмот бил поврзан со тоа колку жените ги привелкувале нивните партнери, колку пати неделно тие имале секс и рејтинзите за сексуално задоволство,“ наведоа истражувачите.
Не зачудувачки, жените кои сметале дека нивните партнери се смешни имале повеќе секс со нив и почести оргазми.
„Смислата за хумор на нивните партнери не само што покажала колку е тој уверен или какви примања има, туку и ја предвидела тенденцијата на жените да иницираат секс, колку често имале секс и тоа ја зголемило фреквентноста на нивните оргазми во споредба со други партнери.“
Значи, жените кои сметаат дека нивните партнери изгледаат добро и се смешни имаат подобар секс со нив? Тоа не зачудува. Што зачудува? Фактот колку луѓе остануваат со нивните партнери кои не ги привлекуваат и не ги сметаат за забавни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.