| четврток, 6 декември 2018 |

Струмички блогер сокрил приход од 33 илјади евра

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.П. (54) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело даночно затајување.

Пријавениот во текот на 2015 година, занимавајки се со блогерство, остварил приходи кои ги примил преку брз трансфер на пари во висина од 2.073.315 денари. Со намера да одбегне целосно или делумно плаќање на данок, не ги пријавил остварените приходи со задолжителна годишна пријави во Управата за Јавни приходи на Република Македонија, со што извршил затајување на данок во висина од 207.331 денари со што го оштетил Буџетот на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top