| четврток, 6 декември 2018 |

Главната причина за кризата е промена на името

nikola-gruevski-1

Главната причина за кризата е промена на името и на идентитетот, оцени Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Сител. Говорејќи за тоа подготвувано сценарио, посочи дека неговите фази предвидувале претходно слабеење на државата и носење друга гарнитура подготвена за промена на државното име и идентитетот.

– Тоа е крајната цел. И затоа се случуваше кризата, секундарно е ова со двојазичноста и федерализацијата. Но, клучното за операцијата е промената на името- посочи Груевски.

Таа операција се води во 4 фази, наведе Груевски:

1. Криза и дестабилизација

2. Компромитација на власта и институциите

3. Промена на власта; и

4. Реализација на целите

– Станува збор за сценарио од моќни центри, и доколку народот не делува, политичарите нема да можат, бидејќи политичарите не се обединети, нагласи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top