Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека изборите за претседател во Демократската партија се „наместени“ во корист на неговата доскорешна демократска ривалка Хилари Клинтон. Трамп ова мислење го изрази на неговиот Твитер налог, откако Том Перез вчера беше избран за нов претседател на Демократската партија на САД.
-Трката за претседател на Демократската партија, секако, во целост беше „наместена“. Човек на Барни Сандерс, како ниту самиот Сандерс, никогаш немал шанси- наведе Трамп на Твитер.
Тој исто така, на Твитер му ја честиташе победата на Перез, порачувајќи дека „не може да биде среќен поради него“. Перез е избран за претседател на Демократската партија со 235 гласови од вкупно 447. Новиот претседател вети дека ќе води борба против политиката на Трамп и ќе ја промени организациската структура на Националниот комитет на партијата, со цел да го приближи до поддржувачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.