| четврток, 6 декември 2018 |

Нашите автори постигнуваат повисокa ценa дома отколку во странство

Упатените велат дека досега највисока цена што ја достигнало едно македонско дело се движи околу 30.000 евра, а сумата што му беше понудена на Митриќески (половина милион евра), можеби, е највисока цена што некој уметник ја добил за своето уметниччко дело

„Свес­но ја из­би­рам жи­вот­на­та па­те­ка на ку­че. Ќе би­дам си­ро­мав, ќе би­дам сли­кар…“ ре­кол Вин­сент ван Гог, очиг­лед­но не зна­еј­ќи де­ка ќе прет­ста­ву­ва еден од нај­го­ле­ми­те и најв­ли­ја­тел­ни умет­ни­ци на си­те вре­ми­ња и де­ка не­го­ви­те сли­ки ќе би­дат ед­ни од нај­вред­ни­те умет­нич­ки де­ла во све­тот.

Ве­ро­јат­но по­го­ле­ми­от број умет­ни­ци во тоа вре­ме раз­мис­лу­ва­ле на ист на­чин, а нив­ни­те де­ла де­нес се про­це­ну­ва­ат на ми­ли­о­ни до­ла­ри.

Ко­лек­ци­о­нерс­тво­то на умет­нич­ки де­ла прет­ста­ву­ва пре­стиж ме­ѓу при­пад­ни­ци­те на свет­ска­та ели­та, ме­ѓу кои има ви­стин­ски љу­би­те­ли на умет­но­ста, но има и та­кви што тоа го пра­ват за до­ка­жу­ва­ње на сво­ја­та моќ. Ка­кви и да се по­бу­ди­те, нат­пре­ва­рот ме­ѓу нив вр­тог­ла­во им ја зго­ле­му­ва вред­но­ста на умет­нич­ки­те де­ла.

Слич­на е со­стој­ба­та и со де­ла­та на ос­но­во­по­лож­ни­ци­те на со­вре­ме­но­то ма­ке­дон­ско сли­карс­тво и на вто­ра­та ге­не­ра­ци­ја ма­ке­дон­ски ли­ков­ни умет­ни­ци: Ди­ми­тар Ан­до­нов Па­пра­ди­шки, Ла­зар Ли­че­но­ски, Ди­ми­тар Авра­мо­ски Пан­ди­лов, Ни­ко­ла Мар­ти­но­ски, Ван­гел Ко­џо­ман, Дим­че Ко­цо, То­мо Вла­ди­мир­ски, Ан­ге­ле Ива­но­ски, Ван­чо Ѓор­ѓи­е­ски, Јо­не Си­мон­че, Спа­се Ку­но­ски, Ми­ле Ко­ру­бин, Пе­тар Ма­зев и Ди­ми­тар Кон­дов­ски.

E7A7C0C93773D14881C5DFC8ACFCD2A4

При по­се­та­та на Ма­ке­до­ни­ја, eми­рот на Ка­тар, ше­и­кот Ха­мад бин Ка­ли­фа ал Та­ни, бе­ше о­ду­ше­вен од тво­реш­тво­то на ака­дем­ски­от скулп­тор Бо­ро Ми­три­ќе­ски и про­ја­ви жел­ба да ги ку­пи скулп­ту­ри­те „Ко­ња­ни­кот – Куз­ман Ка­пи­дан“ и „Пти­ци“. Скулп­ту­ра­та „Ко­ња­ни­кот – Куз­ман Ка­пи­дан“ е изра­бо­те­на во 2000 го­ди­на и е при­ват­на сопс­тве­ност на Ми­три­ќе­ски, до­де­ка „Пти­ци“ е дел од при­ват­на ко­лек­ци­ја, а се­мејс­тво­то не са­ка да ги открие сопс­тве­ни­ци­те. Еми­рот од Ка­тар при по­се­та­та на на­ци­о­нал­на­та по­ста­вка во „Да­ут-па­шин амам“ ја ви­дел скулп­ту­ра­та „Ко­ња­ни­кот-во­ин“ од Ми­три­ќе­ски и изра­зил жел­ба да ви­ди по­ве­ќе не­го­ви скулп­ту­ри би­деј­ќи др­во­то од кое се изра­бо­те­ни ко­њи­те и пти­ци­те го по­тсе­ту­ва­ле на пу­сти­на­та и сме­тал де­ка де­ла­та на Ми­три­ќе­ски се ме­ѓу нај­а­втен­тич­ни­те скулп­ту­ри во све­тот и но­сат уни­вер­зал­на вред­ност. Еми­рот уште то­гаш по­са­кал да ги ку­пи скулп­ту­ри­те за су­ма од 500.000 евра, но по­ра­ди за­кон­ски­те про­пи­си што ва­жат за при­ват­ни­те ко­лек­ции бил спре­чен во тоа. Име­но, ако не­кој пред­мет е при­ват­на сопс­тве­ност, за се­кое про­да­ва­ње или из­не­су­ва­ње тре­ба да се кон­сул­ти­ра Упра­ва­та за за­шти­та на кул­тур­но­то нас­ледс­тво. Ако е мно­гу важ­но умет­нич­ко­то де­ло, пр­во тре­ба да се по­ну­ди да го ку­пи др­жа­ва­та. Ако таа не­ма па­ри, сопс­тве­ни­кот тре­ба по иста це­на да го по­ну­ди на при­ват­но ли­це. Но, ако Ко­ми­си­ја оце­ни де­ка не­кое де­ло е од осо­бе­но зна­че­ње за на­ша­та кул­ту­ра, то­гаш не мо­же да се из­не­се, па ду­ри и да е при­ват­на сопс­тве­ност.

Упа­те­ни­те ве­лат де­ка до­се­га нај­ви­со­ка це­на што ја до­стиг­на­ло ед­но ма­ке­дон­ско де­ло се дви­жи око­лу 30.000 евра, а су­ма­та што на Ми­три­ќе­ски му бе­ше по­ну­де­на (по­ло­ви­на ми­ли­он евра) мо­же­би е нај­ви­со­ка це­на што не­кој умет­ник ја до­бил за сво­е­то умет­нич­ко де­ло.

– Дај бо­же си­те да до­би­ва­ат ва­кви по­ну­ди, но кол­ку што знам, до­се­га за ни­ед­но де­ло од наш автор не би­ла по­ну­де­на ва­ква су­ма. На­ши­те авто­ри по­ви­со­ки це­ни по­стиг­ну­ва­ат до­ма откол­ку во странс­тво – ве­лат од од­де­ле­ни­е­то за движ­но кул­тур­но нас­ледс­тво при Упра­ва­та.

Сли­чен став има и Вла­ди­мир Ве­лич­ков­ски, кој се по­тсе­ти на ед­на анег­до­та од аук­ци­ја во поз­на­та фран­цу­ска аук­ци­ска ку­ќа „Друо“, ко­ја ра­бо­ти уште од вре­ме­то на Kлод Мо­не (1840-1926).

– На аук­ци­ја бе­ше по­ну­де­но де­ло од Ро­до­љуб Ана­ста­сов. По­ну­де­на­та це­на бе­ше мно­гу по­ни­ска од таа што де­ло­то би ја до­би­ло ако се про­да­де на овие про­сто­ри – рас­ка­жу­ва тој.

Де­сет­те нај­ска­пи умет­нич­ки де­ла

На топ де­сет ли­ста­та на нај­ска­по про­да­де­ни умет­нич­ки де­ла де­вет се сли­ки, а са­мо де­ло­то на Џа­ко­ме­ти е скулп­ту­ра:

1. „Акт, зе­ле­но лис­је и би­ста“ на Пи­ка­со про­да­де­на за 106,5 ми­ли­о­ни до­ла­ри

2. „Чо­век што оди 1 “ на Ал­бер­то Џа­ко­ме­ти про­да­де­на за 104,3 ми­ли­о­ни до­ла­ри.

3. „Мом­че­то со лу­ле“ на Пи­ка­со про­да­де­на за 104,3 ми­ли­о­ни до­ла­ри.

4. „До­ра Мар со мач­ка“ на Пи­ка­со про­да­де­на за 95,2 ми­ли­о­ни до­ла­ри.

5. „Пор­трет на Адел Блох Ба­у­ер“ на Гу­став Климт про­да­де­на за 87,9 ми­ли­о­ни до­ла­ри.

6. „ Трип­тих 1976“ на Френ­сис Бе­кон про­да­де­на за 86,2 ми­ли­о­ни до­ла­ри.

7. „Пор­трет на до­ктор Га­ше“ на Вин­сент ван Гог про­да­де­на за 82,5 ми­ли­о­ни до­ла­ри.

8. „За­ба­ва во Му­лен де ла Га­лет“ на Пјер Огист Ре­о­но­ар про­да­де­на за 78,1 ми­ли­о­ни до­ла­ри.

9. „Ма­сакр на не­долж­ни­те“ на Пе­тер Па­ул Ру­бенс за 76,7 ми­ли­о­ни до­ла­ри.

10. „Бел цен­тар“ на Марк Ро­тко про­да­де­на за 72,8 ми­ли­о­ни до­ла­ри.

 250 ми­ли­о­ни за Се­зан

На оваа ли­ста не се вклу­че­ни умет­нич­ки­те де­ла што се про­да­де­ни при­ват­но, ка­де што по­не­ко­гаш се по­стиг­ну­ва ду­ри и по­ви­со­ка це­на. Се ве­ру­ва де­ка нај­ска­по умет­нич­ко де­ло во­оп­што про­да­де­но е „Кар­та­џии“ на Пол Се­зан“, кое го про­ме­ни сопс­тве­ни­кот на аук­ци­ја за 250 ми­ли­о­ни до­ла­ри.

Еми­рот од Ка­тар, ше­и­кот Ха­мад бин Ка­ли­фа ал Та­ни, за ре­корд­ни 250 ми­ли­о­ни до­ла­ри ста­на сопс­тве­ник на сли­ка­та „Кар­та­џии“ од Пол Се­зан. Во над­да­ва­ње­то за сли­ка­та  би­ле вклу­че­ни нај­го­ле­ми­те свет­ски тр­гов­ци Ла­ри Га­го­си­јан и Ви­ли­јам Ас­ква­ве­ла, а сли­ка­та ѝ е про­да­де­на на крал­ска­та ди­на­сти­ја на др­жа­ва­та Ка­тар, ко­ја, спо­ред до­бро­у­па­те­ни­те, е ме­ѓу нај­го­ле­ми­те ку­пу­ва­чи на свет­ски­от па­зар со умет­нич­ки де­ла. Во­деч­ко ме­сто за ку­пу­ва­ње во ди­на­сти­ја­та има 28-го­диш­на­та ќер­ка на ка­тар­ски­от вла­де­тел, ко­ја за На­ци­о­нал­ни­от му­зеј и по­ра­но из­би­ра­ла де­ла од Вор­хол, Хирст итн.

Нај­ска­пи­те умет­нич­ки де­ла на кои им се гу­би тра­га­та

Ил­јад­ни­ци укра­де­ни умет­нич­ки де­ла лу­та­ат на цр­ни­от па­зар или со­би­ра­ат прав во не­кои ма­га­ци­ни. Спо­ред Ре­ги­ста­рот на за­гу­бе­ни умет­нич­ки де­ла, не им се знае тра­га­та на ду­ри 350.000 де­ла во све­тот.

– Ко­га крад­ци­те ќе сфа­тат де­ка не­мо­жат да го про­да­дат укра­де­но­то умет­нич­ко де­ло на аук­ци­ја или да до­би­јат откуп без да би­дат фа­те­ни, се ре­ша­ва­ат да го про­да­дат иле­гал­но – ве­ли Крис Ма­ри­не­ло, ге­не­ра­лен со­вет­ник на Ре­ги­ста­рот.

– По­тоа умет­нич­ки­те де­ла одат во под­зем­је­то, на цр­ни­от па­зар, ка­де што се про­да­ва­ат за 5-10 про­цен­ти по­мал­ку од нив­на­та ви­стин­ска вред­ност. Сме има­ле слу­чаи ко­га со умет­ност се тр­гу­ва за дро­га, оруж­је, ан­ти­кви­те­ти, ме­ѓу­на­род­на те­ро­ри­стич­ка тр­го­ви­ја – ве­ли Ма­ри­не­ло и до­да­ва де­ка ко­га кри­ми­нал­ци­те ве­ќе не­ма­ат оп­ции за пра­ве­ње па­ри со умет­нич­ки­те де­ла, че­сто ги оста­ва­ат по ма­га­ци­ни­те или по при­ват­ни­те до­мо­ви, ка­де што мо­же да оста­нат со го­ди­ни, пред не­кој да сфа­ти за кол­ку вред­но де­ло ста­ну­ва збор.

Нај­вред­ни­те сли­ки што се укра­де­ни и на кои им се за­гу­би­ла се­ка­ква тра­га се про­це­ну­ва­ат на су­ма од ед­на ми­ли­јар­да до­ла­ри, а тоа се след­ни­ве:

1. „Кон­церт“ на Јо­ха­нес Вер­мер

2. „Бул­ки“ на Вин­сент ван Гог

3. „Бу­ра на Га­ли­леј­ско Мо­ре“ на Рем­брант

4. „Пог­лед на мо­ре­то од Ше­ве­нин­ген“ од Вин­сент ван Гог

5. „Пог­ле­дот на Овер-сир-Оаз “ на Пол Се­зан

Нај­ска­па­та сли­ка на со­вре­мен умет­ник про­да­де­на за 37 ми­ли­о­ни до­ла­ри

Мас­ло­то на плат­но на гер­ман­ски­от умет­ник Гер­хард Рих­тер би­ло про­да­де­но на аук­ци­ја за де­ла од со­вре­ме­на­та умет­ност за 37 ми­ли­о­ни до­ла­ри, што прет­ста­ву­ва нов ре­корд за еден жив умет­ник. На аук­ци­ја­та во Њу­јорк се со­бра­ни 293,6 ми­ли­о­ни до­ла­ри, а пет де­ла би­ле про­да­де­ни за по­ве­ќе од 20 ми­ли­о­ни до­ла­ри.

Не­кои де­ла од со­вре­ме­ни­те ѕвез­ди  Ен­ди Вор­хол и Џеф Кунс не би­ле про­да­де­ни или би­ле про­да­де­ни по по­ни­ска це­на од оче­ку­ва­на­та.

Нај­ви­со­ка це­на би­ла по­стиг­на­та за „Ор­на­мент VI“ на Бар­нет Њу­ман, ко­ја е про­да­де­на  за 43,8 ми­ли­о­ни до­ла­ри.

 

Пишува: Невена Поповска

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top