Зоран Заев ја има најтешката мисија во својата контроверзна политичка кариера. Дали да ги проголта сите националистички барања на ДУИ и на албанскиот блок со цел да дојде во ситуација по кратка постапка да го апси раководството на ВМРО-ДПМНЕ или да остане без власта по битката во која ги загуби целиот свој дигнитет и авторитет, битка во која вложи толку многу досега? Ако ја свитка „кичмата“ пред координираните и хомогенизирани албански партии уште еднаш како што најави пред неколку години во врска со менување на уставното име, тој може да владее. Но, веројатно, тоа ќе биде најдраматично владеење во историјата на Македонија, анализира Горан Момироски во неговата колумна објавена неделникот Република под наслов „СДСМ ѝ ја нуди Македонија на ДУИ за да ја уништи ВМРО-ДПМНЕ“.
Момироски смета дека спроведувањето на албанската платформа во земјата ќе предизвика сериозни политички турбуленции.
„Ако Заев ги натера своите сопартијци да се согласат на двојазичност на целата територија на Македонија и ако подоцна влезе во авантура да го менува уставното име (според СДСМ во 2008 година за 6 месеци ќе се реши името и Македонија ќе влезе во НАТО и ќе почне преговори со ЕУ), за што доаѓаат сѐ поголем број најави од светот, тој и неговата влада ќе се соочат со пекол многу поголем од тој со кој се соочуваше Груевски во последните 24 месеци. И тука нема да бидат важни ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, туку обичниот народ, кој едноставно нема да му го прости најголемото предавство“ пишува Момироски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.