
Актуелната политичка ситуација во земјава е исклучително неповолна за Македонија. Ваквата политичка ситуација е исклучително неповолна за Република Македонија (нашата единствена држава), но истовремено е исклучително поволна за непријателите на Македонија, за оние коишто посакуваат да не нема како народ и држава.
Во уставот на Република Македонија експлицитно е наведено дека “на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо” и дека во некои единици на локалната самоуправа може да се употребува и втор службен јазик под услови и начин утврдени со закон.
–Ваквото решение обезбедува соодветна заштита на македонскиот јазик и истовремено ги задоволува и потребите на другите етнички заедници. Секое друго решение што ќе овозможи промена на статусот на македонскиот јазик и промена на државните симболи ќе биде кобно за опстанокот на македонската држава и македонскиот национален идентитет, вели академик Ѓорѓи Поп-Атанасов во интервјуто за Прес 24.
– Во овие тешки времиња за Република Македонија, не е доволно само еден дел од македонскиот народ да застане во одбрана на својата земја; потребно е сите како еден да застанеме на нејзина страна. Ако не го сториме тоа сега и веднаш, ризикуваме наместо иднина, на својата земја да и обезбедиме сигурна небиднина. Во името на нашите претци и во името на нашите идни поколенија наша должност е да не дозволиме тоа да се случи.
Нашите црвени линии треба да бидат гарант за зачувувањето на македонскиот национален идентитет и на Република Македонија како држава, пред се, на македонскиот народ. Затоа што Република Македонија е единствена наша матична земја. Ние друга Татковина немаме. Тој смета дека за да се обезбеди опстанокот и иднина на Македонија, треба да се дефинираат црвени линии:
- Не смее да се прифати менување на името на Република Македонија, бидејќи во името на секоја држава е кодиран идентитетот на народот што живее во неа. Со менувањето на името на државата, се менува и идентитетот на народот.
- Не смее да се менува унитарниот карактер на државата, бидејќи тој е гарант за зачувување на целовитоста на Република Македонија како држава.
- Не смее да се наруши статусот на македонскиот јазик како единствен официјален државен јазик во Република Македонија. Неговата употреба треба да биде задолжителна во државните институции и во јавните настапи на државните функционери, независно од нивната етничка припадност, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


