| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ ја угости Моника Белучи, ајвар и џем ќе си понесе за дома (Фото)

Моника Белучи попладнево пристигна на Аеродромот Никола Тесла во Белград.

Славната актерка пристигна во Србија по повод премиерата на филмот „На млечниот пат“ каде што таа глуми со Емир Кустурица, а во филмот таа ја игра главната улога.

Премиерата е закажана за вечерва, а на аеродромот во Белград актерката ја пречекаа новинарите за кои таа беше расположена.

monika-foto-marko-djokovic-1_1000x1000-640x427

-Благодарам за пречекот, одлично се чувствувам тука во Белград, но и на Балканот и се радувам за вечерашната премиера, накратко изјави Моника за српските медиуми.

Веднаш потоа со режисерот Емир Кустурица, по прес конфенренцијата за медиуми, тие се сретнале и со српскиот премиер Александар Вучиќ.

84498-monika-foto-marko-djokovic-2_8579_400x400

Тој ги примил во владината зграда, и на Белучи и подарил кошница полна со српски производи. Внатре имало слатко од боровинки, ликер од сливи, благ ајвар, џем од малини и книга со илустрации од Србија – информираат од српски ,,Блиц’’.

16997348_10211914881531148_1731909156_n

Причина за доаѓањето на Моника во Белград е премиерата на филмот ,,На млечниот пат’’ чиј што режисер е Кустурица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top