| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалниците од Источниот регион остро се спротивставија на најавата за воведување на двојазичност

Градоначалниците од Источниот регион на денешната попладневна средба во Берово покрај темите за кои распрваа од делокругот на одлучување, излегоа со заедничко соопштение на најавата за воведувањето на двојазичност.

-Остро реагираме на најавата за воведувањето на двојазичност во јавната администрација на територијата на целата држава и енергично се спротивставуваме на таквите заложби на партиите кои тоа го заговараат, односно на раководството на СДСМ и албанските партии, се наведува во заедничкото соопштение.

Претседателот на Источниот плански регион Ратко Димитровски, рече дека тоа би било единствен пример во светот и би било преседан во една суверена унитарна држава некој да помисли да воведе такво нешто.

– Единствени сме и ќе се заложиме во сите нивоа да не помине такво нешто во законодавниот дом, истакна Димитровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top