Престижната награда на Ријана ќе и’ биде врачена на 28-ми февруари.
Универзитетот Харвард ја прогласи славната убавица од Барбадос, пејачката Ријана, за хуманитарец на годината.
Престижната награда ќе и’ биде врачена на церемонијата закажана на 28-ми февруари, а наградена е поради својата несебична добротворна работа.
Меѓу другото, таа помогнала во изградбата на центарот за онкологија и нуклеарна медицина на Барбадос, кој е наменет за дијагностицирање и лекување на рак на дојка.
Таа е и основач на Фондацијата за доделување стипендии “Клара и Лајонел” на студентите од земјите на Карибите, која соработува со колеџите во САД.
Ријана исто така ги поддржува организациите кои им овозможуваат на децата да добијат пристап до образование во повеќе од 60 земји во развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст