| четврток, 6 декември 2018 |

Се заљубил во жена чиј глас го слушнал преку телефон, се шокирал кога ја запознал!

Софиан Лохо Дандел (28) механичар од Индонезија минатата година се јавил на телефон, а од другата страна слушнал глас во кој се заљубил. Во тој момент не можел да замисли дека еден ден ќе се ожени со таа личност.

Разговарале речиси еден час, откако непознатата жена сосема случајно и по грешка го свртела бројот на кој тој се јавил.

sofian345

Софиан одлучил да ја запознае жената чиј глас го слушнал, а останал шокиран кога ја запознал. Всушност од другата страна на телефонот била 82-годишната вдовица Марта Пот, пишува Деили Меил.

Таа на почетокот не му ја открила нејзината возраст, но тоа не го променило неговото мислење за нејзе. Набрзо дознал дека Пот живее сама, откако пред 10 дена и починал мажот, а децата ја напуштиле земјата во потрага по работа. Ветил дека ќе остане со нејзе засекогаш, а пред четири дена се венчале.

Сепак, имало проблеми околу нивниот брак, бидејќи Индонезија е конзервативна земја па имало многу противници на нивниот брак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top