| четврток, 6 декември 2018 |

Децата родени меѓу 1980 и 1994 годинa се најголеми нарциси

Децата родени меѓу 1980 и 1994 година се најголеми нарциси, покажа едно истражување врз младите. Овие деца уште се нарекуваат и милениумци.

Постарите генерации сметаат дека нарцисизмот на милениумците е многу поголем од тоа што тие самите признаваат.

Џошуа Грабс, кандидат за докторат на клиничка психологија на Кејс Вестерн Резерв Универзитетот, ги прашувал милениумците и возрасните над 60 години, да ги подредат генерациите според нивото на нарцисизам.

Постарите им дале на милениумците оценка од 65,3 на скалило до 100 поени. Милениумците се оцениле сами со 61,4 поени.

Грабс дознал и дека на милениумците не им годи кога ги нарекуваат нарциси, иако признаваат дека ја поседуваат таа карактеристика.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top