| четврток, 6 декември 2018 |

Возач од Бугарија починал на терминал на Деве Баир

Шеесетгодишен возач на камион од Бугарија вчера утро е пронајден мртов во товарно моторно возило марка „волво“ со бугарски регистарски ознаки на терминалот на граничниот премин „Деве Баир“.

МВР информира дека случајот го пријавил вработен на царинскиот терминал „Деве Баир“ вчера во 9 часот и 30 минути.

Од екипа од Итна медицинска помош Крива Паланка била констатирана смрт без траги од насилство, а причина за смртта е престанок на работа на срцето и на виталните органи.

Утврдено е дека починатиот е Б.Л.Ј. (60) од Дупница, Р.Бугарија, кој на 21 февруари 2017 година се упатил со возилото да изврши транспорт до Скопје како крајна дестинација. На ГП „Деве Баир“ пристигнал на 22 февруари 2017 година во 14.50 часот.

По наредба од Јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top