| четврток, 6 декември 2018 |

Наумов: Службен јазик во Македонија е македонскиот, со никаква платформа не може да се воведе втор

 

Gjorgji-Naumov-int107-3Следејќи ги настаните во нашата држава особено средства за јавно информирање пишани и електронски медиуми и чувствувајќи ја опасноста за иднината на македонскиот народ и нашата татковина Македонија, одлучив да се придружам на повикот на членовите- автори на македонскиот манифест, да го дадам својот глас за противење на барањето на едно малцинство во Република Македонија за воведување на втор службен јазик во Р. Македонија во службена употреба. Ваквото барање е амбивалентно- спротивно на унитарниот карактер на Р. Македонија, вели Ѓорги Наумов, прв министер за правда на Македонија и член на  уставотворната комисија за донесување на Уставот од 1991 година.
Наумов воедно предлага македонска платформа со која од македонските партии бара да ја ослободат државата од заробеноста.

  1. Решението е едноставно. Мнозинската партија, да раководи со Владата, а втората поред со Парламентот. Доколку тоа не го сторите согласно член 129 и 130 од Уставот на РМ, да се пристапи кон  измена и дополна на Уставот или да се распишат предвремени парламентарни избори.
  2. Со оваа платформа давам потполна подршка на авторите на Македонскиот Манифест и во прилог ги истакнувам моите размислувања каква треба да биде Македонија со извршените измени и дополнувања на Уставот на РМ.

 

  • Прво на Уставот да му се врати преамбулата од 1991 година, бидејќи со амандман не се менува преамбула, со што е прекршен уставот.

 

  • Со Уставот да се уреди Македонија како национална и унитарна држава на македонскиот народ по род.
  1. На сите малцинства кои живеат во Република Македонија, да им се гарантираат сите права пропишани во меѓународните договори, повелби, декларации, донесени од ООН и ратификувани од Собранието на   Република Македонија.
  2. Во ООН членуваат држави, нации и народи, а не етнички или племенски заедници. Со уставните амандмани Македонија е претворена во племенска заедница, а не на народи и нации.
  3. Македонскиот народ е конститутивен народ на  Македонската држава и само тој може да одлучува за карактерот на државата.
  4. Во државата Македонија нема друг народ  освен  македонскиот народ . Дел од  народ  не е народ  во државата Македонија, тој може да биде само малцинство.
  5. Македонија е  толку  полиглотска мултиетничка, мултикултурна, мултиконфенсионална  држава колку што   се и другите соседни држави  кои имаат  малцинство од 20% -30% од вкупното  население, но сепак не се третирани  за народ  туку само за малцинство, а во некој од соседните земји ниту пак се признаени како малцинство.
  1. Македонија има своја повеќемилениумска историја. Таа своите корени ги  носи од Стариот и Новиот завет. Уште во првата книга од  Стариот завет е запишано дека праисториското име на  Македонија е од земјата Китим и е основано од Царот Каран, а по него се редата  рој од кралеви ( Пердика, Архелај, Аминта, Македон,Филип втори, Александар III итн).
  2. Македонија е најстарата нација во Европа која  создала најголеми држави на Балканот и пошироко и најголема светска  Империја под водството на Александар III Македонски, додека другите народи, создавале држави од  градови- полиси.
  3. Македонија е Библиска земја, се споменува 28 пати во светото писмо од Стариот  и Новиот  завет. Македонија е колевка  на христијанството. Апостол Павле во 51 година  од Новата  ера  во привидение бил повикан од еден Македонец не Грк да дојде во Македонија  и да и помогне. Апостолот Павле дошол во  Филипи  и тука ја покрстил првата жена  по име Лидија. Тука формирал христијанска црковна општина, потоа  во Солун, Бер, Стоби и др.
  4. Преку светите Браќа Кирил и Методиј од Солун , Климент и Наум од Охрид и преку првиот Универзитет со 3500 ученика, дале писменост на 350 милијона народ  во Eвропа и пошироко.
  5. Македониjа е татковина на праисториските и историските Македонци.
  6. Името на нацијата, на државата, на Македонија и на Македонците не може да се постави на референдум, како што и  Библијата не може да се постави на референдум.
  1. Името е Архетип на душата на еден народ, извор на неговиот севкупен идентитет, напишал Ефтим Клетников во Македонски манифест.
  2. Службен јазик во Македонија е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Со никакви платформи на малцинствата не може да се воведе  во службена употреба  друг службен  јазик, бидејќи  тоа е во спротивност со унитарниот карактер на државата- амбивалентно е. Тоа што со Устав е пропишано  да се користи  друг јазик  освен македонскиот  во  средини каде има  малцинство од  20%  не значи дека е службен јазик  на малцинствата  во државата.
  1. Симболите на државата, химната, грбот, знамето се задолжителни за секој граѓанин на Република Македонија. Тој што не го знае македонскиот јазик не може да биде вработен во државни и други јавни служби.
  2. Топонимите во Македонија  неможе да се менуваат во друго име на друг јазик. Називите на институциите мораат да бидат на службен јазик  на државата.
  3. Во државата  неможе да се поставуват симболи на други држави.

Комуникацијата со дипломатските претставништва да се води  исклучиво на македонски јазик.

Лица кои се лустрирани не може да вршат  јавни функции.

Државни награди одликувања, национални пензии  не може  да се даваат на лустрирани лица, на лица судени за кривични дела против човештвото и државата.

  1. Веднаш да се изврши попис на населението во државата, рамковниот договор да не се применува во Македонија, тој е имплеменетиран  во Уставот и е донесен со кршење на Уставот за време на воената агресија над Македонија.
  2. Претседателот Киро Глигоров своевремено изјави “ јас  не би потпишал таков договор”. На тоа  Бранко Црвенковски одговори  “ тој ден беше лош за  Киро Глигоров, а Уставот го нарече фелеричен”.
  3. При гласање во Парламентот да не се применува  правилото на Бадинтер, тоа решение да се  исфрли како решение и тоа е донесено со кршење на Уставот. Сметам дека треба да се измени   начинот   за избор и именување  на  судии и обвинители.
  4. Министрите да одговараат пред премиерот, а не пред претседателот на политичката партија на која припаѓа министерот.
  5. Да се земат на одговорност лица кој ја спречуваат легитимната власт да ја извршува својата функција.
  6. Медиумите ( електронски и пишани ), да не вршат пренос од настани на кои малцинствата истакнуваат туѓи симболи, без  истакнување на државните симболи на  Република Македонија.
  7. Да се откаже гостопримство на странски претставник кој нашата држава не ја именува под Уставното име.
  8. Државните институции да не примаат списи во кој Република Македонија не е именувана според Уставното име.
  9. Односите со соседните земји да се градат според принципот на реципроцитет. Пример понудената платформа од едно малцинство за воведување на  втор службен јазик  во Република Македонија да се достави до нивните  автори во Приштина и Тирана за да истата  ја применат на Македонците  кои живеат во овие држави и им дадат право  како што тие бараат од Република Македонија.

Да се донесе нов закон за територијална поделба при што да се одвојат селата од градовите , да не се  припојуваат со градовите и така вештачки да создаваат  градски оптшини со селско население и тоа немакедонско. Македонија да биде една изборна единица.

  1. После 25 години од прогласувањето на Самостојна и суверена држава Република Македонија, се појавува потреба од редефинирање на  Уставот  со измени и дополнувања на постојниот или донесување на нов Устав.
  2. Македонскиот народ на референдум да се изјасни дали е за нов Устав. Ако се изјасни позитивно тогаш, да се распишат избори за избор на уставотворно собрание и да се донесе нов устав. Новиот Устав да биде изготвен од уставотворна  комисија избрана од Собранието на Република Македонија, во која  треба  да бидат  избрани најкомпетентни личности- експерти по Уставно право. На новиот Устав да се работи најмалку  една година. На Македонија сеуште и е потребна експертска  Влада, која  ќе работи за интересите на државата и народот. Новата влада да предложи нов концепт  на организација на власта. Таа Влада да управува со државата од  три до пет години. Експертската Влада да биде предложена од Претседателот на државата или со консензус од сите политички партии во државата. Член на Влада  може да биде лице од најмалку 35 години возраст и потврден стручњак во областа за која се бира. Министер може да биде со  времетраење од најмногу  два мандата. Судиите и јавните обвинители да ги  именува Претседателот на државата.

 

  1. Да се укинат постојните совети  за  судии и јавни обвинители и комисиите за  лустрација и антикорупција.
  2. Македонија никогаш не смее да се откаже од  грижата за Македонците кои живеат во соседните земји.
  3. Државната администрација да се сведе на ниво како во соседните земји според бројот на жители.
  4. Претседател на Собранието да биде пратеник со најмалку 40 години возраст, бидејќи тој го заменува Претседателот на државата, а за кој е пропишано услов од најмалку возраст од 40 години. ( сега теоретски може да го замени и пратеник  од 18 години, ако биде избран за  Претседател на Собрание  на РМ.
  5. Парламентот да брои од 80-100 пратеника.
  6. Претседател да се бира од ѓраѓаните на Република Македонија, алтернатива да се бира од Собранието на РМ.
  7. Да се ограничат привилегиите на Претседателот на државата по  напуштање на  функцијата.
  8. Горенаведените предлози и согледувања треба да бидат предмет на дебати, дискусии, тркалезни маси и сл., а истите се само еден дел од проблемите  по кои ќе треба да работат и одлучуваат нашите избрани претставници   во Собранието на Република Македонија.

На крајот сакам да укажам на следното:  според  член 20 од Уставот на РМ, програмите  и дејстувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии НЕ МОЖАТДА БИДАТ НАСОЧЕНИ КОН  НАСИЛНО УРИВАЊЕ НА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  и  потикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, верска или расна омраза или нетрпеливост.

Дел од програмите на некои политички партии не се во согласност со Уставот и затоа секој може да поведе постапка пред Уставниот суд на РМ  кој пак согласно член 112 од  Уставот на  РМ може да донесе  одлука со која ќе ја укине или  поништи таквата програма или платформа, а  со тоа го укине постоењето на одредена политичка партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top