Ако спиете повеќе од девет часа навечер тоа би можело да биде еден од раните знаци на Алцајмерова болест.
Научниците откриле дека луѓето што редовно поминуваат многу време в кревет имаат двапати поголем ризик да заболат и почнуваат да страдаат од деменција во следната деценија од животот. Промените во навиките што се однесуваат на спиење се „црвено светло“ за Алцхајмерова болест, бидејќи покажуват дека мозокот претрпел штета.
Истражувачите отркиле дека лицата што спијат повеќе од девет часа имаат помал обем на мозокот, потребно им е повеќе време да процесуираат информации и покажуваат знаци на губење на памтењето.
Во студијата се истакнува дека и лицата што говорат долго и се „губат“ во говорот имаат зголемен ризик од Алцхајмер. Кога некој ќе почне да го губи чувството за мирис, тоа е, исто така, знак за предупредување.
Во истражувањето учестувале лица на околу 70 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.