| четврток, 6 декември 2018 |

Четири начини како да се справите со наглата промена на времето

По „зинскиот сон“ сите едвај ги чекаме температурите над нулата, но наместо активен ден во природа, времето го поминуваме во кревет поради главоболка.

Менувањето на температурата, од ладно на тополо или обратно влијаат на притисокот, срцето и циркулацијата воопшто, што може да доведе до главоболка.

Четири начини како да се справите со наглата промена на времето:

1.Следете ја временската прогноза

Ако сте од оние кои се чувстиветелни на промена на времето, кај првите симптоми на главоболка може да земете парацетамол за да ја спречите болката да не ви го уништи цел ден.

2. Излезете во природа и активирајте се

Кој било облик на телесна активност во траење од најмалку половина час дневно ќе го направи организмот постабилен и отпорен на временски промени. Уште подобро е физичката активност да се одвива во природа на чист воздух. Тоа ќе ви ги намали шансите за појава на главоболка.

3. Исхраната треба да биде шаренолика и полна со витамини

Здрава и правилна исхрана богата со овошје и зеленчук се добар предуслов за ублажување на негативните последици на времето. Важно е редовно внесување вода.

4. Заменете го кафето со чај од билки

Билни чаеви како камилица, нане, помагаат во опуштање на нервите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top