| четврток, 6 декември 2018 |

Деветгодишниот Ване ќе искачува врв во Албанија во чест на Борис Трајковски

Деветгодишниот планинар од Неготино, Ване Бошев викендов ќе го искачува врвот Бресник висок 1.752 метри во Албанија, во чест на годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски. За ова денеска информираше неговиот татко Орданче Бошев.

– Првите чекори во планинарењето Ване ги направи на неполни три години и досега има освоено бројни врвови во земјава и во странство, а има добиено и многу награди и признанија, меѓу кои и од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, како млад и надежен планинар – потсети тој.

Притоа нагласи дека младиот планинар трета година учествува во вакви активности со кои се одбележува годишнината од авионската несреќа во која загина Трајковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top