Кошаркарите на Фени Индустри постигнаа победа на гостувањето кај Берое во Стара Загора во натпревар од 5.коло од БИБЛ лигата. Кавадарчани вечерва минимално со 68:66 го совладаа лидерот во групата А и му го нанесоа првиот пораз во оваа фаза од натпреварувањето.
Во изедначен натпревар Фени Индустри беше подобар во вториот и во четвртиот период, а Берое во првиот и третиот. На 1:47 минута до крајот на дуелот Берое имаше водство од 66:61, но играчите на Фени Индустри направија серија од 7-0 за триумф на овој натпревар. Поените за победа од линијата за слободни фрлања на 38 секунди пред звукот на сирената ги постигна Бобан Стајиќ.
Најефикасен на дуелот беше Шејн Гибсон од Берое со 21 поен, додека кај Фени Индустри Матија Чешковиќ реализраше 12 поени, а Јане Петровски и Бранислав Џекиќ постигнаа по 11.
Табела: Берое 4-1 (победи-порази), Кожув 2-3, Фени Индустри 2-3, Сутјеска 2-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.