Конзумирајте овошје и зеленчук десет пати дневно. Така ќе спречите појава на рак, велат стручните лица.
Научници од Империјал колеџ во Лондон објавиле резултати од истражувањето според кое конзумирање на овошје и зеленчук 10 пати на ден може да спречи 7.200 случаи на смрт од рак и близу 14.000 мозочни удари годишно.
Само десет порции од по 80 грама овошје и зеленчук може да го намали ризикот од рак за 13 отсто, а на срцевите болести за 24 отсто.
Овошјете и зеленчукот го намалуваат нивото на холестеролот, го регулираат крвниот притисок, го зајакнува здравјето на крвните садови и имунитетот поради сложените мрежи на хранливи состојки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.