Програма за соработка во областа на образованието и науката помеѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за човечки капацитети на Унгарија денеска беше потпишана во Скопје.
Како што соопшти МОН, документот го потпишаа министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу, и амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Иштван. Програмата го опфаќа периодот за 2017, 2018 и 2019 година, и се предвидува, меѓу другото, двете земји на реципрочна основа да доделуваат по 20 стипендии за студирање на нивните високообразовни институции, за секоја академска година.
– Во оваа прилика беше изразено задоволство од досегашната успешна плодна соработка на полето на образованието и науката на двете традиционално пријателски земји. Министерот Лутфиу, го потенцираше задоволство од доделувањето на по 20 стипендии од страна на Владата на Унгарија за секоја академска година на студенти од Македонија да реализираат додипломски, последипмомски и докторски студии на најдобрите универзитети во Унгарија. стои во соопштението
Министерот Лутфиу изразил благодарност за долгогодишната соработка во високото образование, каде успешно се реализира размената на лектори по унгарски јазик на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“- Скопје и лектори по македонски јазик на Универзитетот во Будимпешта.
Во текот на средбата, соговорниците пројавиле интерес за имплементација и на другите одредби од Програма кои се однесуваат на воспоставување и интензивирање на директна меѓуинституционална соработката во областа на науката, технологијата и иновациите и високообразовните институции, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст