Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава за В.Б. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.
Полицијата дошла до сознание дека пријавениот преку социјалните мрежи за комуникација остварил контакти со малолетни лица при што биле разменети фотографии во електронска форма со експлицитна содржина.
По претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во домот и други простории на пријавениот и притоа полицијата пронашла компјутерска опрема во која, по извршена форензичка анализа, биле пронајдени фото и видеоматеријали со порнографска содржина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст